УХМР со предупредување до граѓаните: Врнежи, снег и опасност од свлечишта
Поради продор на постуден воздушен бран и засилен северен ветер, утре врнежите од дожд на повеќе места ќе преминуваат во снег, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Снег се очекува најпрво на повисоките, но и на дел од пониските места низ земјата.
На планините во западните делови се прогнозира формирање нова снежна покривка, додека помала снежна покривка е можна и во пониските предели.
Од Секторот за хидрологија при УХМР соопштуваат дека поради обилните врнежи од дожд во текот на денот е забележано зголемување на водостојот на речиси сите водотеци во државата. Според хидролошките мерења, значително висок водостој е евидентиран во горниот дел од сливот на реката Вардар, особено во гостиварскиот и пелагонискиот регион, како и на реките Сатеска и Радика со нивните притоки.
Зголемен водостој е регистриран и на реката Треска, вклучително и на помалите реки и притоки во нејзиниот слив, при што е констатирана брза реакција на врнежите и зголемен број активирани помали реки и суводолници, претежно во западниот дел од земјата.
Во источниот дел, пораст на водостојот е забележан на реката Струмица, како и во горниот дел од сливот на реката Брегалница.
Од УХМР информираат дека врнежите ќе продолжат до крајот на денот и во текот на ноќта, особено во западните делови, поради што се очекува водостојот во наведените сливни подрачја да остане висок. Постојат услови за локални излевања на помалите реки и суводолници, како и на делови од каналската мрежа, но и можност за појава на одрони и свлечишта.
Надлежните апелираат на зголемена внимателност и претпазливо движење покрај реките и суводолниците, особено во вечерните часови и во текот на претстојната ноќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски: ЕК ослободила 142,1 милиони евра преку…
Европската комисија до јуни ослободила 142,1 милиони…
Насилник од Дебар узурпирал државен објект, со…
52-годишен жител на Дебар доби кривична пријава…
Левица не ја поддржа изградбата на две…
Советниците од политичката партија Левица на денешната…
Рокас: ЕУ ги препознава напорите на Македонија…
Европската Унија ја препознава посветеноста и напорите…
Акција на МВР со ДЕА: Запленети над…
Крим полиција уште еднаш ја потврдува својата…