Училишна сала во Стајковци ќе го носи името на херојот Бобан Ивановиќ кој загина во “Диво насеље”
Денес 24.05.2022 година по повод празникот Св. Кирил и Методиј кој е патрон на населеното место Стајковци се оддржа настан за положување свежо цвеже и оддавање почит пред споменикот на Бобан Ивановиќ кој како припадник на специјалните единици на МВР загина во вооружената пресметка во Диво Насеље.
На настанот свое обраќање имаше градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски кој истакна:
Бобан Ивановиќ и Горан Стојменовиќ се двајцата херои кои беа наши сограѓани, а загинаа во Диво Насеље.
Како градоначалник на општина Гази Баба нема да дозволам нивниот лик и дело да се заборави.
За таа цел ќе доставам предлог до училишниот одбор на општинското основно училиште Кирил и Методиј во Стајковци во кој ќе предложам училишната сала која е во изградба да го носи името на Бобан Ивановиќ.
Со оваа одлука неговото име и дело никогаш повеќе нема да бидат заборавени – истакна Стефковски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Девет години од катастрофалните поплави во Стајковци…
Денес се навршуваат девет години од едно…
Деца државјани на Велика Британија го запалиле…
Три деца, странски државнјани се приведени во…
ЦУК: Можни се поплави во Арачиново, Стајковци…
Воздушна маса со изразена нестабилност се задржува…
20 години затвор за сторителот на двојното…
Врз основа на поднесено обвинение од Основното…
Деца од Стајковци нападнати од малолетници во…
Три деца од скопското село Стајковци пред…