Уште ова ни требаше: Ковид ги наполни амбулантите ширум Македонија

t

Слично како во регионот така и во Македонија постепено се зголемува бројот на заразени со ковид. Матичните лекари велат дека секој втор пациент е со некаква респираторна инфекција..

Додека се уште не се знае која варијанта на ковид е доминантна во земјава, матичните лекари велат дека се бележи зголемување на пациентите со респираторни инфекции. Не е само ковид, има и грип и стомачни вируси кои циркулираат низ луѓето, а во ординацијата на Д-р Анкица Станоевска има по 100-тина граѓани дневно кои доаѓаат со манифестации на вирусни инфекции, а тоа се половина од вкупниот број на посети во две смени.

Иако симптомите на грипот и ковидот се слични, главоболки, болки во грлото и мускулите, сега посилни манифестации дава грипот иако мал е бројот на сериозни компликации, вели Д-р Станоевска.

Статистиките во ординациите и бројките во последниот извештај на Институтот сепак не се пресликуваат. Во месец август, според Институтот за јавно здравје имало само 112 случаи, кое сепак е мало зголемување од месец јули, кога бројката е четири пати помала. Малиот број на позитивни тестови е објаснувањето на надлежните зошто досега не се направило секвенционирање за да се знае точно која варијанта на ковид ја има во Македонија.

Во меѓувреме, препораката од Комисијата за заразни болести задолжително да се носат маски во болница не е стапена на сила, и се уште чека одобрување од владините служби.

Периодов, многу мал број на граѓани завршуваат во болница поради ковид. Вообичаено станува збор за повозрасни луѓе со хронични болести. Токму поради ова советот на лекарите е да се носи маска на затворено, каде што има гужви.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нафтата падна на најниско ниво од август…

Светските цени на нафтата продолжуваат да паѓаат,…

Тешка сообраќајка со повеќе загинати утрово со…

Најмалку 7 лица загинаа, а повеќе се…

Мерц се закани со блокада на буџетот…

Германскиот канцелар Фридрих Мерц се заканил дека…

ВМРО-ДПМНЕ: Единствени „испрани“ пари во Македонија влегоа…

ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека во периодот на владеењето…

Забранета утринската програма на „Информер“ во Србија

Регулаторното тело за електронски медиуми на Србија…