Федерализација преку децентрализација? Оваа влада има добра волја за децентрализација, вели Меџити

t

Како и на панел-дискусијата која утринава ја организираше Министерството со кое раководи, така и во обраќањето на свечената владина седница по повод одбележување на 23-годишнината од Охридскиот рамковен договор, фокусот на првиот вицепремиер и министер за животна средина Изет Меџити беше децентрализацијата.

Изет Меџити, прв вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање / Фото: Влада
Меџити му заблагодари на премиерот Христијан Мицкоски за одлуката за доделување една милијарда евра за општините што ќе помогне во процесот на децентрализација, кој, како што рече, е дел од Охридскиот рамковен договор и кој ќе реши многу есенцијални проблеми во општините, во функција на подобар живот на сите граѓани.

„Оваа Влада има добра волја за децентрализација, но не треба да остане само на зборови бидејќи може да дојде друга Влада којашто нема да има такви приоритети, затоа ние треба да направиме системско решение затоа и со компетенциите и со проблемите да имаме финансии и буџет за тоа, бидејќи на крајот, тоа е отворање на вратата за граѓанинот на Република Северна Македонија“, рече Меџити во обраќањето на свечената владина седница.

Вицепремиерот оцени дека оваа Влада веќе докажува оти има капацитет за работа и спроведување на проекти од ваков тип кои се дел од Охридскиот рамковен договор. Еден од главните столбови на договорот, рече Меџити, е децентрализацијата, што е и европска цел, кон која ние стремиме.

На свечената владина седница се обрати и премиерот Христијан Мицкоски кој рече дека носењето на Охридскиот рамковен договор во тоа време никоја од страните потписнички не ги направило докрај среќни и задоволни но, сепак, го донел тоа што во тој момент беше најпотребно и најбарано, а тоа е мирот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Калајџиев за новиот притвор за Деко: Ако…

По новиот притвор за првообвинетиот за случајот…

„50 пати на улица и во судница,…

Во Кочани денеска се одржа 50-тиот „Марш…

Грчките инвестиции во енергетскиот сектор на Романија…

Говорејќи на третото издание на „Кодексот на…

Трамп даде по 100 долари на 20…

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека неговата…

Русија нападна брод под либериско знаме во…

Русија нападнала товарен брод под либериско знаме…