Фетаи тврди дека Владата не се откажала од уставните измени
Вицепремиерот за добро владеење и еден од лидерите на коалицијата ВЛЕН, Арбен Фетаи синоќа во гостување на ТВ Алсат порача дека како Влада не се откажале од уставните измени, како одговор на најновиот извештај на ЕК за напредокот на земјата на патот кон ЕУ.
„Не се откажавме од уставните измени или од европската агенда. Имавме изборен процес кој траеше 3 месеци и тоа е сосема природно. Сигналите од Брисел се јасни, нема изненадувања. Верувам дека по завршувањето на локалните избори треба да седнеме како коалициски партнери и да го дефинираме патот напред, да ги добиеме потребните гаранции дека нема да има дополнителни услови и да продолжиме напред“, вели Фетаи.
Според него, ова е ставот на Владата и во овој поглед верува дека ќе седнат и ќе ги дефинираат следните чекори.
„Очекуваме дека дијалогот со Софија и Европската Унија и земјите-членки ќе започне многу брзо за да се најдат модалитети што ќе ни овозможат да го продолжиме нашиот европски пат за отворање преговори со ЕУ“, рече Фетаи гостувајќи во дебатна емисија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ: Владата прави се да нема никакви…
Венко Филипче и талогот на СДС никако…
Кос: Албанија би можела да стане членка…
Европската комесарка за проширување Марта Кос денеска…
Лидерите од Брдо-Бриони побараа објективен и предвидлив…
Целосното и навремено членство на земјите од…
Во владината кошничка нема трошок за кирија,…
Разликите меѓу синдикалната и владината потрошувачка кошничка…
Митева: Незаконски наплатените средства од компаниите за…
Денеска сакаме да ја информираме јавноста за…