Филипче: Вистинско разочарување е што ВМРО-ДПМНЕ не го поддржа законот за Кочани
Од првиот ден по трагедијата во Кочани, СДСМ се однесува со целосна почит, сочувство и одговорност за семејствата на загинатите и повредените, пишува на Фејсбук пратеникот и лидер на СДСМ, Венко Филипче по денешната одлука на ВМРО-ДПМНЕ да не го поддржат законот за помош на настраданите во Кочани.
– Не ловевме политички поени, не обвинувавме и дадовме целосна поддршка за институциите да ја завршат работата. Го ставивме страдањето на нашите сограѓани над политиката. Покажавме емпатија и конструктивност – и како партија, и како поединци.
Во тој дух поднесовме закон со кој се обезбедува финансиска помош за семејствата на загинатите и повредените. Без никкави политички намери, со јасна цел – да им помогнеме на оние што изгубија најмногу.
Денешната одлука на ВМРО-ДПМНЕ и нивните коалициски партнери да не го поддржат овој закон за мене е вистинско разочарување. Не можам да најдам разумно објаснување за оваа постапка. Не станува збор за политика, туку за човечност, морал и совест кои очигледно пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ги немаат.
Државата мора да покаже дека стои зад своите граѓани кога е најмногу потребно. Ова не беше момент за политички инает, туку за заедничка грижа.
СДСМ ќе продолжи да се бори за вистински вредности и да нуди и дава поддршка таму каде што најмногу треба. – напиша Филипче на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„50 пати на улица и во судница,…
Во Кочани денеска се одржа 50-тиот „Марш…
Адвокатот Туфегџиќ со предлог како побрзо да…
Судењето за трагедијата во Кочани ќе биде…
Шкотските навивачи со донација за децата фудбалери…
Фудбалскиот клуб „Фудбал Старс“ од Кочани доби…
Можете да ја одложувате правдата, но не…
Родителите на загинатите млади во пожарот во…
ХОРОР ВО КОЧАНИ: Малолетници малтретирале прваче, го…
МВР информира дека вчера попладне во 12:45…