Филипче од Ѓорче Петров: Ја снема гордоста само после една и пол година власт на Мицкоски и неговата банда
Вечерва од граѓанската трибина во Ѓорче Петров, Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче зборуваше за лагите и големите ветувања на ДПМНЕ дека граѓаните и Македонија ќе бидат горди. „Само година и половина подоцна никој не е горд“, рече тој.
„Зошто немаат слоган „Горда Македонија“? Затоа што никој не е горд на урнисаниот животен стандард, на измамите со пензиите, на дивеењето на цените и стагнацијата на платите. Помина речиси година и пол откако Мицкоски и неговата банда ја преземаа власта. Никој не е горд на тоа што 17.000 луѓе се иселиле за една година, или за тоа што им се должат 700 милиони евра на компаниите од ДДВ, бидејќи буџетот е празен. Нема гордост ни на меѓународна сцена. Ветуваа дека ќе ја стават Бугарија во ќош, дека ќе обезбедат подобри услови во преговорите, а денес од тоа нема ништо. Има само нејасен пат напред, без јасна насока каде оди оваа држава“, рече Венко Филипче.
Притоа тој ги потсети граѓаните на лажните ветувања на ВМРО-ДПМНЕ дека во Македонија ќе има економски бум, достоинствен и напреден живот, но како што рече тој на трибината во Ѓорче Петров, во реалноста граѓаните ја гледаат безидејноста на влада која не знае како да ги реши проблемите и да го подобри животот на граѓаните.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кина го ревидира законот за одбранбена мобилизација…
Врховниот законодавен дом на Кина во петокот…
(Фото) Македонија со четири финалисти на 31-от…
Македонските кикбоксери имаа и повеќе од успешен…
Русија планира операција во северна Украина, вклучително…
Военото раководство на Русија доби задача да…
„Ќе платат за ова“: Германија подготвува остар…
Германскиот канцелар Фридрих Мерц се подготвува директно…
Зеленски за нападот во Киевската област: Ситуацијата…
Ситуацијата во селото Мила во Киевската област…