Фолксваген би можел да отпушти уште 50.000 работници ширум светот
„Фолксваген“ би можел да скрати уште 50.000 работни места низ целиот свет со цел да ги намали трошоците и да ја одржи конкурентноста на глобалниот пазар.
Во интерна порака до вработените, која ја видел „Ројтерс“, извршниот директор на компанијата, Оливер Блумe, предупреди дека „Фолксваген“ моментално има околу 20 проценти повисоки трошоци од своите главни конкуренти.
Според него, таа разлика, кога ќе се пресмета повторно, би одговарала на „теоретско намалување“ од дополнителни 50.000 вработени низ целиот свет.
„Моментално ги анализираме сите брендови, компании и региони за да утврдиме кои прилагодувања се навистина потребни и можни“, рече Блумe.
Германските медиуми претходно објавија дека „Фолксваген“ размислува за затворање на четири фабрики во Германија, но и за можноста за намалување на до 100.000 работни места низ целиот свет.
Главната причина за ваквите потези е падот на продажбата на важните пазари, особено во Кина и Соединетите Американски Држави.
„Фолксваген“ минатата недела објави дека продажбата во вториот квартал од 2026 година паднала за 8,6 проценти во споредба со истиот период минатата година. Во тој период, компанијата испорача нешто помалку од 2,1 милиони возила.
Најголем удар претрпе основниот бренд Фолксваген, чија продажба се намали за 14 проценти, на околу еден милион возила.
И другите брендови во рамките на групацијата имаат проблеми. Продажбата на Ауди се намали за осум проценти, додека Порше забележа уште поголем пад од 18 проценти.
Во последните години, Фолксваген се соочува со голем притисок поради сè посилната конкуренција на пазарот на електрични возила, особено од кинеските производители, како и зголемените трошоци за производство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фолксваген би можел да отпушти уште 50.000…
„Фолксваген“ би можел да скрати уште 50.000…
Јункер: ЕУ не смее да го занемари…
Поранешниот претседател на Европската комисија, Жан-Клод Јункер,…
Агентите на Тајната служба незадоволни од Џеј…
Дел од агентите на американската Тајна служба…
САД нападна танкер во Ормускиот теснец, судирите…
Со напад врз нафтен танкер во Ормускиот…
(Видео) Се урна судска зграда во Италија,…
Лесно е повредена една вработена во фирма…