Фондот за здравство остана без директор од ДУИ: Фатон Ахмети си поднесе оставка

t

Директорот на Фондот за здравствено осигурување, Фатон Ахмети од ДУИ денеска соопшти дека поднел оставка од функцијата директор на Фондот.

Информацијата ја сподели на социјалните мрежи нагласувајќи дека продолжува со нови активности во својата партија ДУИ.

„Почитувани сограѓани,

Почитувани колеги, соработници и сопартијци,

Секоја задача има свој почеток и свој крај. Денеска објавувам дека поднесов оставка од функцијата генерален директор на ФЗОМ.

Ви благодариме за плодната поддршка и соработка во овој период.

Со сета почит, Фатон Ахмети“, напишал Ахеми на Фејсбук.

Фондот за здравствено осигурување функционира со двајца директори кои ја делат својата функција, едниот поставен од владејачката партија, другиот од нејзиниот коалициски партнер од политичкиот блок на Албанците. Засега останува единствен директор на Фондот Магдалена Филиповска Грашкоска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вучиќ: Целосно би ги игнорирал претседателските избори

Поранешниот претседател и носител на листата на…

НБРМ поднесе кривични пријави за ширењето паника…

НБРМ поднесе кривични пријави за ширењето паника…

Тешко повредена 32-годишна скопјанка, се обидувала да…

32-годишна жена од Скопје се здобила со…

Вице-гувернерката Митреска: Мерките на НБРМ за АЛТА…

Ана Митреска, вице-гувернер на НБРМ, сведочеше на…

Малолетничките кои малтретираа и снимаа упатени во…

На четирите малолетнички против кои се водеше…