(Фото+видео) Пендаровски одликуван со “Орден на Белиот Орел” во Полска
Претседателот Пендаровски оствари тет-а-тет средба со претседателот на Полска, Анджеј Дуда, на која беа потврдени искрените пријателски односи и плодниот политички дијалог меѓу двете држави. Теми на средбата беа македонските европски интеграции, партнерството во НАТО, војната во Украина и последиците од неа, како и глобалната економска и енергетска криза.
Во рамки на официјалната посета е предвидено претседателот Дуда да го одликува претседателот Пендаровски со највисокото полско одликување, Орден на Белиот Орел, додека претседателот Пендаровски ќе го одликува претседателот Дуда со Орден „8 Септември“.
Претседателот Пендаровски ќе оствари средба и со премиерот на Република Полска, Матеуж Моравјецки, а заедно со претседателот Дуда попладне ќе присуствува и ќе се обрати на средба со претставници на полските комори и бизниси и македонски претставници од бизнис секторот
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…
Македонија со седум борачи на Светското првенство…
На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…
Се подготвувал да убие повеќе лица –…
Полската полиција приведе 16-годишник осомничен дека планирал…
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…