(Фото+Видео) Полициско обезбедување на паркингот каде што синоќа се случи престрелката во Топанско Поле
Под полициско обезбедување попладнево е паркингот во скопски Чаир каде што синоќа се случи престрелка меѓу две групи, во која загина едно, а повредени се две лица.
Екипа на „360 степени“ беше на местото на престрелката.
Според она што може да се забележи на терен, пукањето се случило на паркингот на супермаркет, кој се наоѓа во близина на „Поинт ритаил парк“ во населбата Топанско Поле во Општина Чаир.
Покрај неколкуте возила паркирани на паркингот, внимание привлекуваат три автомобили запечатени со ленти, веројатно со кои се превезувале учесниците во престрелката. Полицијата не дозволува некој да се приближи со местото каде што се наоѓаат автомобилите.
Околните трговски објекти работат според тековното работно време.
Од Обвинителството соопштија дека на местото е извршен увид од страна на дежурен јавен обвинител од скопското обвинителство, од каде што се подигнати траги и чаури кои ќе бидат предмет на вештачење.
Обезбедени се и се прегледуваат снимки од камери за видеонадзор.
Од Министерството за внатрешни работи (МВР) утрово соопштија дека инцидентот се случил помеѓу две групи на паркинг во Чаир поради претходно недоразбирање во сообраќајот.
На Клиниката по хируршки болести „Свети Наум Охридски“ во Скопје синоќа биле донесени две лица на возраст од 35 години со повреди од огнено оружје, кои учествувале во пукањето.
На повредите им подлегнал Х.Б. од Скопје, а над А.Д., исто така од Скопје, била извршена интервенција и бил задржан на лекување. Со повреди од огнено оружје се здобил и Н.Д. кој бил пренесен на комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
На социјалните мрежи се споделуваат статуси со сочувство до семејството на Екрем Буњаку, поранешен функционер на Демократската унија за интеграција (ДУИ), чиј син загина во престрелката.
Во врска со случајот, полицијата приведе неколку лица.
Извор: 360 Степени
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
АМЕРИКА ГО ПОДГОТВУВА ИЗРАЕЛ ЗА ТРЕТ БРАН…
Американската Централна команда (ЦЕНТКОМ) испратила порака до…
(Видео) ОГРОМЕН ПОЖАР ВО НАЈГОЛЕМОТО ГАСНО НАОЃАЛИШТЕ…
Силен пожар избувна вечерва во гасното наоѓалиште…
ТРАГЕДИЈА ВО ЕГИПЕТ: Седум загинати и над…
Најмалку седум лица загинаа, а повеќе од…
ШПИОНСКИ СКАНДАЛ ЈА ТРЕСЕ „НВИДИА“: Директорот призна…
Извршниот директор на американскиот технолошки гигант „Нвидиа“,…
Брнабиќ предупреди на дестабилизација на Србија
Претседателката на Народното собрание на Србија, Ана…