(Фото) Британија ги виде белите лавчиња од скопската зоолошка
Британскиот весник „Дејли стар“ објави фотографии од белите лавчиња во скопската Зоолошка градина, укажувајќи на реткоста на овој вид.

Трите лавчиња се родија во скопската зоолошка на 7 март минатата година, што е прв ваков случај по повеќе од 20 години.
Мајката Бела во Скопје пристигна од Германија додека таткото Чака потекнува од Франција. Вработените кажаа дека ова е една од најубавите работи која се случила во скопската Зоолошка градина и постојано внимаваат мајката и малите да се безбедни и да ги имаат сите услови во нивното живеалиште.

Скопската Зоолошка градина доби над 3.000 предлози за имиња на трите женски лавчиња во кутиите оставени пред влезот на зоолошката градина, но и на Фејсбук, по што ги избра имињата Луна, Ана и Хана.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тешка сообраќајка со повеќе загинати утрово со…
Најмалку 7 лица загинаа, а повеќе се…
Мерц се закани со блокада на буџетот…
Германскиот канцелар Фридрих Мерц се заканил дека…
ВМРО-ДПМНЕ: Единствени „испрани“ пари во Македонија влегоа…
ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека во периодот на владеењето…
Забранета утринската програма на „Информер“ во Србија
Регулаторното тело за електронски медиуми на Србија…
Нови случаи на семејно насилство во Македонија:…
Два случаи на семејно насилство биле пријавени…