(Фото) Голем број граѓани се собираат пред македонскиот културен центар „Никола Вапцаров“
Како што беше и најавено, денеска во Благоевград, Бугарија се отвора македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“. Голем број граѓани се собираат пред просторот на овој македонски клуб.
Очекувано, екипа од локалната полициска управа од раните утрински часови дежура пред клубот. Атанас Мазнов од македонскиот културен клуб во изјава за медиумите рече дека клубот го отвараат заради зближување на двата народа. Мазнов се надева дека како што Бугарите ќе влезат во Уставот на Македонија, така и македонското малцинство во Бугарија да ги добие своите права.
На отворањето на клубот присуствува и грчкиот отец Никодим Царкњас, кој порача дека Бугарија не треба да се плаши од отворањето на клубот, туку напротив со ова треба да покаже дека е вистинска, демократска и европска држава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Карни ја поддржа идејата за средба на…
Канадскиот премиер Марк Карни во средата даде…
Ива Михаилова до новинарот Цанов: „Јави ми…
Бугарскиот јутјубер Станислав Цанов објави ново видео…
Франција потврди присуство на свои војници во…
Француски воени припадници веќе неколку месеци се…
Иран тврди дека има загинати и ранети…
Иранските сили извршиле напади со беспилотни летала…
Нови детали за акцијата на МВР и…
Еврејски бизнисмен, кој работи во голема грчка…