(Фото) Малата Срна за која се обедини цела Македонија си оди од болница, мајката му се заблагодари на хуманиот народ: „Благодарение на сите вас денес си ја носиме дома “
3-годишната Срна си заминува од болница, откако со помош на граѓаните се собраа средствата за лекување во приватната болница „Систина“.
Веста ја објави мајката на Срна, Васка Цветаноска-Панова, која покрај споделените фотографии, му се заблагодари на д-р Ристо Симеонов кој ја оперирал и се грижел за Срна, но и на целиот медицински персонал кој дал сè од себе за малото девојче да се чувствува пријатно.
Не ги заборави ни граѓаните на Македонија, кои се сплотија и за неполн ден собраа скоро 1 милион денари за лекувањето на Срна.
Д-р Ристо Симеонов, немам зборови да опишам колку сме ви благодарни! Затворивте едно поглавје од приказната на нашата Срна, и тоа успешно! Како родители решивме да не чекаме повеќе и да го олесниме нејзиното лекување. Целосно ви ја доверивме а вие целосно и се посветивте. Срна имаше класична отворена операција за отстранување на каменот, кој веќе беше тргнал надолу. Каменот голем, но мал за вашата стручност, грижа и топлина. Кога ме свикаа сестрите да одам во соба за будење, вие бевте до неа и ме пречекавте со насмевка. Во истиот момент ми падна камен од душава. Медицинскиот персонал од Acibadem Sistina Hospital, вие мили тетки и дадички ни бевте ветер во грбот. Толку бевте внимателни и трпеливи кон Срна но и кон нас како родители.
Народе наш, благодарение на сите вас денес си ја носиме дома. Но повторно ќе се вратиме тука, следат контроли и нови испитувања. Среќна сум што имаме каде и има кој…“, порача мајката Васка Цветаноска-Панова.
За потсетување, по апелот на родителите на Срна, Трајче и Васка, се собраа над 1 милион денари за лекување на малата Срна, чиј лев бубрег има трајни оштетувања како резултат на сепса развиена од уринарна инфекција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…
(Видео) Крмов: Имаме скржава власт која одвои…
Пратеникот Борислав Крмов од Левица на седницата…
Сите на одмор: На „Табановце“ и „Богородица“…
На граничните премини „Табановце” и „Богородица”, времето…
Иран со ново предупредување: Следуваат уште поостри…
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан испрати силна порака…