Објавено на:

(Фото) Почит за 18 годишниот македонски кошаркар кој загина во сообраќајна несреќа

t

Натпреварот меѓу Кожув и Еуро Никел донесе многу емоции кај навивачите на домашниот тим и воопшто сите гевгеличани.

За тоа се погрижи навивачката група „Фантоми“ која ја одбележа годишнината од смртта на поранешниот кошаркар на Кожув, Иван Пенов. На шест минути пред крајот на првата четвртина, симболично, поради бројот 6 што го носеше Пенов, играта беше запрена, а во делот од трибината каде што се најзагреаните фанови на Кожув, беше истакнат голем дрес со презимето на загинатиот кошаркар.

Иван Пенов загина на 18-годишна возраст, на 20 февруари 2021 година во сообраќајна несреќа, на патниот правец Стар Дојран-Нов Дојран.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

УАПСЕНИ 11 ВОЗАЧИ: Возеле пијани и без…

МВР соопшти дека 11 возачи се лишени…

Холандија разгледува „црна фаза“: Супермаркети со генератори…

Холандските супермаркети и Министерството за земјоделство разговараат…

Јеменската армија се повлекува од Баб ал-Мандеб:…

Армијата на меѓународно признаената јеменска влада денеска…

Ирански претставник: Преговорите со САД завршија

Хасан Кашкави, портпарол на Комисијата за национална…