(Фото) Фала браќа Македонци: На српски турист му се расипала колата на враќање од Грција, па гевгеличани бесплатно им ја сервисирале
Секому може да му се расипе автомобилот на пат. Но, не секој има среќа да наиде на добри луѓе кои ќе му помогнат.
Еден член во групата Грција инфо, јавно им се заблагодари на Македонци од Гевгелија, кои помогнале да се сервисира возилото, целосно бесплатно.
„Ви благодариме браќа Македонци!!! По враќањето од Грција, на бензинската пумпа, автомобилот на мојот кум во Гевгелија во 21 часот и 30 минути, престанал да работи, поради екстремно лошо време. На помош дошле луѓето од бензинската пумпа, повикале момци кои се механичари, влегле во возилото околу 15 минути, и ја направиле целата дијагностика и го стартуваа автомобилот!!!! На прашањето на кумот колку должи, само рекле добар пат пријатели!!! Секако, кумот не сакаше ни да слушне, ги почести…. Ви благодариме уште еднаш од БРАЌА МАКЕДОНЦИ!“ се вели во сведоштвото во групата Грција инфо.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во сеќавање на Јовица, нека кампањата биде…
Кандидатот за градоначалник на Општина Брвеница од…
Трамп жестоко го нападна Axios: „На Иран…
Американскиот претседател Доналд Трамп категорично демантираше дека…
Мицкоски: Очекувам наскоро конкретизација на проектот со…
По средбите со претставници на Американската финансиска…
Заменик-директорот на ФБИ поднесе оставка една година…
Заменик-директорот на Федералното истражно биро (ФБИ), Ендру…
Трамп го одби иранскиот план за Ормутскиот…
Тензиите меѓу САД и Иран повторно растат…