Хорор во Загреб: Жена го убила сопругот па скокнала од прозор за да избега од полицијата
Ужасни сцени попладнево ги вознемириле жителите на загрепската населба Дубрава, кога во стан бил убиен 55-годишен човек, а неговата 59-годишна сопруга била пронајдена на улицата пред зградата, во локва крв.
Според хрватските медиуми, жената прво му пресудила на сопругот, по што скокнала низ прозорецот на улицата пред нивната зграда, но го преживеала падот.
„Наводно жената со која бил во станот одговорала на повиците на неговиот мобилен телефон и на сите им кажала дека тој е на кафе. Семејството пријавило дека човекот исчезнал, а полицијата и пожарникарите ја скршиле вратата и влегле во станот. Таму го пронашле телото и жената, која штом ги видела пожарникарите и полицијата, скокнала низ прозорецот. Ја однесоа во болница“, вели еден сосед на несреќната двојка за „24 сата“.
Повредената жена е пренесена во Клиничката болница „Дубрава“, но засега нема информации за нејзината состојба.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонец уапсен во Загреб по инцидент во…
Драма се случила на меѓународен лет за…
Северина на протестот во Загреб: Тука сум…
Десетици илјади луѓе се собраа во Загреб…
Во Загреб ќе се одржи голем протест…
Во Загреб денеска ќе се одржи голем…
ХОРОР: Мртво бебе е пронајдено во куфер…
Вистински хорор се случувал во Атина, откако…
Загреб стана првиот европски град каде што…
Загреб стана првиот град во Европа каде…
