Хорор во Загреб: Момче со мачета упаднал во гимназија!
Непознато момче вооружен со мачета денеска околу 14 часот упаднал во загрепската класична гимназија, јавуваат хрватските медиуми.
Тој најпрвин влегол во паралелка каде имало ученици и наставничка и со мачетата му се заканил на еден ученик. За среќа во инцидентот нема повредени. Момчето побегнало од училиштето, а полицијата се уште трага по него.
„Ситуацијата е трауматична и кризна. Денеска во периодот од 13.30 до 14.00 часот во училиштето влезе непознат млад човек. За време на наставниот час влегол во училница и со ладно оружје му се заканил на еден ученик. Смирената реакција на другите ученици и наставникот спречија понатамошни последици, никој не е повреден. Младиот човек потоа го напушти часот, го испратив бидејќи го сретнав во ходникот, но во тој момент немаше ништо во рацете“, изјави директорот на класичната гимназија во Загреб, пренесуваат хрватските медиуми.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ХОРОР ВО КОЧАНИ: Малолетници малтретирале прваче, го…
МВР информира дека вчера попладне во 12:45…
ХОРОР ВО БУГАРИЈА: Татко си го убил…
Денес, околу 11:20 часот, пристигна пријава за…
Ученик во Загреб избоде соученик и хигиеничарка
Сериозен напад се случи утрово, околу 8:00…
Македонец уапсен во Загреб по инцидент во…
Драма се случила на меѓународен лет за…
Северина на протестот во Загреб: Тука сум…
Десетици илјади луѓе се собраа во Загреб…