“Храбро срце” испрати писмо до Владата: Бараат ослободување од партиципација за здравствените услуги на пациенти со вградена потпора на срце
Пациентите со вградена механичка циркулаторна потпора на срце бараат да бидат ослободени од плаќање партиципација за здравствените услуги.
Од националното здружение „Храбро срце“ во писмото испратено до премиерот, Владата и до Министерството за здравство бараат укинување на партиципацијата за оваа категорија на граѓани поради зголемените трошоци за патување до Скопје.
–Самиот пораст на цените на горивата е енормно зголемен материјален трошок за нас кои претежно сме од внатрешноста на државата, а нашите редовни прегледи сме приморани да ги правиме во главниот град (Скопје) каде што единствено во државава има клиники за наша превенција и лекување. По порастот на трошоците за живот, за нас, пациентите со механичка циркулаторна потпора на срце (пумпа) навистина ќе ни биде големо олеснување доколку веднаш го остварите вашето ветување за ослободување од плаќање надомест за користење на сите здравствени услуги за нашата ранлива категорија на луѓе, се вели во писмото.
Од здружението тврдат дека им било дадено ветување оти на 1 јануари годинава ќе биде укинато плаќањето партиципација.
–Напоменуваме дека сме вкупно 15-18 пациенти на ниво на држава и таа бројка е речиси непроменета со години наназад со оглед на морталитетот и новооперираните пациенти со инплантирана механичка потпора (пумпа) на срце, што значи дека не е голем товар за буџетот, а средства може да се пренаменат од оние кои се планирани за ослободување од плаќање партиципација при користење на здравствените услуги на карводарителите во државава, велат од здружението „Храбро срце“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Владата го демантира СДСМ: Шише вода од…
Владата ги отфрли како „невистинити“ и „целосно…
Влада: Обезбедени се над 10 милиони евра…
Владата донесе Одлуката со која се менуваат…
Со 69 гласа изгласани се новите министри…
Собранието попладнево со 69 гласа „за“, без…
Мицкоски: Реконструкцијата на Владата носи нова енергија,…
Државите не ги менуваат своите судбини преку…
Владата донесе одлука за престанок на мандатот…
На денешната седница, Владата ја разгледа и…