Хрватски ултрадесничари бараат да се укине одбележувањето на Денот на антифашистичката борба
Хрватската десничарска партија Дом и национален собир (ДОМиНО) најавија дека ќе бараат укинување на одбележувањето на Денот на антифашистичката борба, јавија локалните медиуми.
ДОМиНО најави дека ќе бара да се избрише 22 јуни – Денот на антифашистичката борна од календарот на државни празници во Хрватска.
На најавата се спротивставија пратениците од опозициската Социјалдемократската партија (СДП) и од Истарскиот демократски собор (ИДС).
– Обидите за бришење на Денот на антифашистичката борба ја негира борбата на нашите предци за слобода, демократија и човекови права. Што е следно, уште еден обид на екстремната десница да ги велича усташите низ историјата во училиштата, меѓу другото да ги научи нашите деца дека Јасеновац е позитивна историска приказна и да ја врати Хрватска во среден век, рече Сања Радуловиќ од СДП.
Таа додаде дека Хрватска го слави Денот на Европа како потсетување на заедничките вредности на мирот, единството и солидарноста кои произлегоа од победата над фашизмот. Радуловиќ упати апел до сите пратеници во Саборот јасно да кажат „не“ на ревизионизмот и да продолжат да ги негуваат антифашистичките достигнувања.
Далибор Паус од ИДС посочи дека „сè додека има вакви иницијативи, антифашистичката борба продолжува.
– Антифашизмот не е минато, тој е жива вредност, која стои како штит против секој облик на ревизионизам и обиди да се намалат правата и слободите што ги освоивме како општество. Обидите на оние кои сакаат да го омаловажат тој ден и се што тој претставува, ја покажуваат нивната неспособност да разберат што навистина значи борбата за слобода, правда и човекови права, наведе Паус.
ДОМиНО е формирана од отцепениот дел на Татковинското движење, и е партнер во Владата на ХДЗ на премиерот Андреј Пленковиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Цените на недвижностите во Хрватска пораснаа 12,7…
Цените на станбените објекти во Хрватска продолжиле…
Падна мал авион кај Винковци, пилотот почина
Мал авион денеска претпладне се урна во…
Хрватска го засилува притисокот врз Црна Гора…
Хрватска врши притисок врз кандидатурата на Црна…
Хрватска субвенционира купување автомобили за семејства со…
Иван Шипиќ, министерот за демографија и имиграција,…
Хрватска ќе тргне наплатните рампи, од март…
Од почетокот на март 2027 година, Хрватска…