Објавено на:

Црногорската полиција трага по измамничка која од банка подигнала 1,3 милиони евра со фалсификувани документи

t

Полицијата во Црна Гора трага по жена која на 12 април со фалсификувани документи подигнала 1,3 милиони евра од сметка на клиент во „Ловчен банка“.

Банката следниот ден ја известила полицијата, откако М.О. од Будва рекла дека не побарала да и бидат исплатени парите што ги чувала на сметка, пишува црногорскиот портал „Вјести“.

Управата на полицијата вели дека тогаш констатирале оти парите се предадени на лице кое приложило фалсификувана лична карта на име на оштетената М.О.

Измамничката, како што пишува црногорскиот портал, на 11 април најавила дека ќе ја повлече својата заштеда во филијалата на банката во Херцег Нови, а поради големата сума, тие ја информирале кога да дојде.

Еден ден подоцна влегла во банката со ранец, ги зела парите и си заминала.

Изманичката била откриена кога досиејата биле испратени до седиштето на банката во Подгорица, а тие стапиле во контакт со оштетената, која ги известила дека Црна Гора ја нема посетено повеќе од една година.

„По наредба на обвинителот се преземаат мерки и дејствија за откривање на непознатото лице кое ја извршило измамата. Исклучени се снимките од надзорните камери на кои јасно е забележан сторителот“, соопштија од црногорската полицијата.

Според информациите , внатрешна истрага се води и за Л.Б.

Банката денеска соопшти дека непознато лице со употреба на фалсификувани документи на штета на еден нивен клиент извршил „измамничко дело“.

„Преземени се сите мерки за целосна заштита на оштетениот клиент, со напомена дека се работи за изолиран случај кој е покриен со полиса за осигурување и кој не може да влијае на редовното функционирање на Банката“, се вели во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Измамник од Кавадарци фатен со обележани 2.000…

На 23.07.2026 во 13:50 часот на Градски…

Голема акција на италијанската полиција: Запленета дрога…

Италијанската полиција заплени дрога вредна 3,5 милиони…

Уапсени 21 возач, 13 возеле без возачка…

Во текот на изминатото деноноќие на целата…

Двајца пензионери пријавиле дека 39 годишник ги…

Две повозрасни лица биле физички нападнати на…

Уапсен 19 годишник од Куманово, полицијата му…

На 02.06.2026 во 18:50 часот во Куманово,…