Црногорскиот премиер како Заев: Во оставка, ама не е во оставка

t

Црногорскиот премиер во заминување Здравко Кривокапиќ на владината седница одржана на 2 февруари изјави дека не е обврзан со „правната категорија” за техничка влада и дека неговиот кабинет ќе продолжи да носи одлуки во полн капацитет се додека не се избере нова влада, пишува весникот Побједа.

Извор на весникот наведува дека Кривокапиќ истакнал дека Владата е во полн мандат додека не се избере нова.

Седницата на Владата на Црна Гора на 2 февруари ја напуштија веднаш по отворањето вицепремиерот Дритан Абазовиќ и министерот за надворешни работи Ѓорѓе Радуловиќ, а правните експерти и опозицијата го предупредија Кривокапиќ да не носи важни одлуки во техничкиот мандат на Владата, наведува Побједа.

На 4 февруари, Собранието на Црна Гора и изгласа недоверба на Владата на Кривокапиќ со гласовите на 43 пратеници на опозицијата и владејачката коалиција „Црно на бело” (Граѓанско движење УРА и ЦИВИС).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владата прави методологија струјата да не поскапи,…

Владата прави методологија за да се задржи…

Коцевски: Над 18 милијарди денари за општините,…

Над 18,4 милијарди денари од унгарскиот кредит…

Влада: Ставот на Китановиќ е личен и…

Владата излезе со јасен став во врска…

Владата ги намалува цените на училишниот прибор…

Владата ги намалува цените на училишниот прибор…

Училишна кошничка до 15 проценти попуст, е…

Подготвена е нацрт-одлуката за воведување на училишна…