ЦУК алармира: Во Охрид поплави, во Кичево евакуација, поплави и одрони на повеќе патни правци
Според информациите од регионалните центри за управување со кризи, Центарот за управување со кризи информира дека состојбата на поголемиот дел од територијата на Република Северна Македонија е стабилна, без нарушување на редовната состојба.
Куманово, Липково, Старо Нагоричане, Крива Паланка, Ранковце и Кратово – нема излевање на реки, ниту евидентирани последици од врнежите. Надлежните општински служби ја следат состојбата.
Скопје, Струмица, Велес, Кавадарци, Неготино, Свети Николе и Штип – не се пријавени поплави или одрони, состојбата е стабилна и под контрола.
Охрид – пријавени се поплавени подруми, гаражи и дворови на повеќе локации. За состојбата се известени локалната самоуправа и Кризниот штаб на Општина Охрид, кои постапуваат по пристигнатите пријави.
Кичево – евидентирани се поплави на повеќе стамбени објекти на ул. „Прилепска“. Во тек е евакуација на жители, а на терен се екипи на Општина Кичево, ДЗС, Црвен крст, ЈКП „Комуналец“ и други надлежни служби.
Струга – по пријава преку бројот за итни повици 112, евидентиран е поголем одрон на патниот правец с. Татеши – с. Мислодежда. За состојбата е известено ЈП „Македонија пат“ и се преземаат активности за санација.
Тетово и Гостивар – регистрирани се одрони на патните правци Гостивар–Стража и Тетово–Бањиче, при што сообраќајот се одвива со повремени отежнувања. По пријави преку 112, евидентирани се излевања на реката Вардар во с. Балин Дол, Лукавичка Река во с. Мало Турчане и Сушичка Река во с. Горно Бањице. Поплавено е земјоделско земјиште и дел од дворови. За состојбата се известени Општина Гостивар, ДЗС, ЈКП „Комуналец“, ПС Гостивар, како и ХЕЦ Маврово, каде е преземено намалување на производството на електрична енергија.
Општина Боговиње – поради излевање на вода надвор од постоечки канали, поплавено е обработливо земјиште. Директорот на ЈКП „Шари“ е на терен и координира активности со надлежните институции.
Битола и Ресен – одрон кај с. Сирхан е саниран. Во с. Дрмени поплавени се два двора, за што се известени Општина Ресен и ДЗС Ресен.
Врнежите продолжуваат, а состојбата на теренот и водостоите на реките се следат континуирано од надлежните институции, известуваат од ЦУК.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Британија има околу 940 албански затвореници: Трансферот…
Албанските државјани веќе седум години се најбројната…
Хрватска го проширува системот за рано откривање…
Системот за видео надзор за рано откривање…
Ѓорческа поразена на стартот од квалификациите на…
Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да…
Барнам од Киев: Украина е првата линија…
Британскиот премиер Енди Барнам вети континуирана поддршка…
Муцунски – Саар: Потпишани билатерални документи за…
Во рамките на работната посета на Израел,…