Објавено на:

Шампионот на Македонија на колена: Вардар не губи пред верната вардарова публика

t

Вардар освои три важни бодови во борбата за опстанок откако со гол на Ѓуриќ славеше над актуелниот шампион Струга со 1-0, со истиот резултат Брегалница го совлада Шкупи, киксна и Шкендија која одигра 1-1 на гостувањето кај Македонија Ѓорче Петров.

Вардар не само што ја победи Струга на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари, туку ѝ ја надигра. Црвено-црните создадоа повеќе идеални шанси за гол, а од нив влезе една, која се покажа како доволна за победа.

Клучниот момент се случи во 73. минута кога по еден центаршут од корнер, Дејан Ѓуриќ скокна највисоко и постигна гол за водство на Вардар од 1-0 кое значеше и победа.

Со овие три бода Вардар скокна на осмата позиција на табелата во ПМФЛ.

Важни три бода за опстанок против голем фаворит оствари и Брегалница која со 1-0 во Штип ја совлада екипата на Шкупи.

Единствениот гол на мечот беше постигнат уште во седмата минута, а беше дело на Ѓорѓиев.

Од екипите кои се борат за шампионската титула победа не оствари ниту Шкендија која одигра 1-1 на гостувањето кај Македонија Ѓорче Петров.

Шкендија поведе со гол на Красниќи, Жилберто донесе бод за Македонија Ѓорче Петров. Гостите од Тетово целото второ полувреме го играа со фудбалер помалку поради црвен картон на Крстевски.

Воска се специјализира за нерешени средби, таков исход имаше и денешниот натпревар против Работнички кој заврши 1-1.

Домаќините поведоа со гол на Марушиќ, израмни Влатко Стојановски, двата гола беа постигнати во првото полувреме. Во вториот дел Работнички промаши неколку идеални шанси за пресврт и победа.

Тиквеш ја искористи предноста на домашен терен и ја совлада Брера со 3-1. Малески, Луан Силва и Спахиу ги постигнаа головите за кавадаречкиот тим, Ристевски реализираше за Брера.

Табела: Струга 54, Шкупи 51, Шкендија 49, Силекс 37, Тиквеш 36, Гостивар 33, Брера 30, Вардар 29, Работнички 28, Воска 28, Македонија ЃП 25, Брегалница 25.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Денеска се празнува Велики Четврток: на Тајната…

На светиот и велики четврток, светите Отци,…

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Променливо облачно, на повеќе места…

Времето денеска ќе биде променливо облачно. Од…

(Не)успешно разоружување на Србија – Бројот на…

Една година по акцијата за разоружување на…

Запленетото оружје од фронтот во Украина атракција…

Западните тенкови и воената опрема запленети од…

Небензја бара меѓународна истрага за случувањата во…

Неопходна е независна меѓународна истрага за откриените…