Шефицата на канадската дипломатија Мелани Жоли утре во Скопје
Министерката за надворешни работи на Канада, Мелани Жоли утре ќе престојува во работна посета на Македонија, при што ќе се сретне со министерот за надворешни работи Бујар Османи.
Како што соопшти МНР, во фокусот на разговорите ќе бидат билатералните односи во рамки на стратешкото партнерство меѓу двете земји, сојузништвото во рамки на НАТО, предизвиците на претседавање на земјава со ОБСЕ, како и останатите актуелности од областа на надворешната политика.
Двајцата соговорници ќе одржат тет-а-тет средба, по што ќе следи средба меѓу делегациите на двете земји. Османи и Жоли ќе одржат и заедничка прес – конференција.
За време на престојот во Скопје, министерката Жоли ќе има средби и со претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, како и со министерката за одбрана Славјанка Петровска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Приведен романскиот возач на камионот по трагедијата…
Романскиот државјанин кој управувал со камионот што…
Во Собранието надзорна расправа за „АЛТА банка“
Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска…
Ден на жалост во Бугарија по тешката…
Владата на Бугарија го прогласи 11 ноември…
Преговорите меѓу Украина и Русија продолжуваат во…
Трилатералните преговори меѓу Русија, САД и Украина…
Денес се празнува Преподобната маченичка Анастасија Римјанка
Родена е во Рим од благородни родители…