Објавено на:

Шефовите на дипломатиите на Тајланд и Камбоџа пристигнаа на преговори во Кина

t

Министрите за надворешни работи на Тајланд и Камбоџа пристигнаа во Кина на разговори откако двете соседни земји се согласија за прекин на огнот по неколкунеделниот граничен конфликт, соопштија денеска официјални претставници.

Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји организираше состаноци денеска и утре во југозападната кинеска покраина Јунан, соопшти кинеска државна новинска агенција, повикувајќи се на кинеското Министерство за надворешни работи.

Во билатералните разговори со својот камбоџански колега Прак Сокхон, Ванг ги повика двете страни да работат кон сеопфатно и трајно примирје и да ја обноват довербата, според агенцијата.

Сокхон рече дека се надева оти трилатералните разговори ќе придонесат за постигнување траен мир.

Претставници на вооружените сили на Кина, Тајланд и Камбоџа, исто така, ќе се приклучат на консултациите како дел од обидот за консолидирање на договореното примирје, продолжување на комуникацијата и градење политичка доверба меѓу двете соседни земји.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Извештај на „Ал Мада“: Сценарија за американски…

Ирачкиот премиер Али ал Заиди им соопштил…

РУБИО СО ОСТРИ КРИТИКИ КОН ИРАН: Преговорите…

Американскиот државен секретар Марко Рубио упати остри…

АМЕРИКА ГО ПОДГОТВУВА ИЗРАЕЛ ЗА ТРЕТ БРАН…

Американската Централна команда (ЦЕНТКОМ) испратила порака до…

(Видео) ОГРОМЕН ПОЖАР ВО НАЈГОЛЕМОТО ГАСНО НАОЃАЛИШТЕ…

Силен пожар избувна вечерва во гасното наоѓалиште…

ТРАГЕДИЈА ВО ЕГИПЕТ: Седум загинати и над…

Најмалку седум лица загинаа, а повеќе од…