Шефот на Сити за Гвардиола: Ќе го најдеме вистинското решение и за Пеп, и за нас
Раководството на Манчестер Сити ќе започне преговори за иднината на менаџерот Пеп Гвардиола, чиј договор истекува за точно една година. Претседателот на „граѓаните“ Калдун Ал Мубарак изјави дека во разговорите двете страни ќе се обидат да го најдат „вистинското решение“.
По завршувањето на сезоната во која Сити ја освои четвртата последователна титула, Гвардиола изјави дека е „поблиску до заминување отколку да го обнови“ договорот со клубот.
-Овој разговор сме го имале многу пати. Пеп отсекогаш бил целосно посветен на овој клуб, целосно посветен на секој договор што го потпишал со нас. Одлуката за неговата иднина отсекогаш била одлука што ќе ја донесеме заедно. Не се сомневам дека, како што секогаш правевме, ќе го најдеме вистинското решение и за Пеп и за нас, рече Ал Мубарак.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пијан 29-годишник дивеел во полициска станица: Откако…
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар поднесе…
Поднесено обвинение против Ендрју Тејт за трговија…
Романските обвинители денеска поднесоа обвинение против инфлуенсерот…
Млад кавадарчанец со фалсификувано свидетелство од скопско…
ОВР Кавадарци до Основното јавно обвинителство Кавадарци…
Вучиќ: Подготвен сум да бидам премиер
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека се…
Бројот на рецепти за лекови за слабеење…
Бројот на рецепти за лекови за слабеење…