Шокантен мејл од Национални шуми: Не сметајте на нас, ние немаме гориво и нема да гаснеме

t

Улогата на пожарникарите е заштита на населението, за заштита на шумите има Јавно претпријатие „Национални шуми“ кое што е уништено, рече Стојанче Ангелов, директор на Центарот за управување со кризи (ЦУК), во вчерашната „Топ тема“ на Телма ТВ.

Сега, на чело на тоа претпријатие дојде саглам директор кој што добро ја познава оваа проблематика и јас сум голем оптимист дека таму, најпосле, работите ќе тргнат на подобро. Претпријатието е уништено. Ние пред еден месец добивме меил од нив во кој нè известија дека поради блокирана сметка не можат да набават гориво и да не сметаме на нивните гасначи, на нивните пожарникари. Тоа е неодговорно и недозволиво поведение. Оние кои имаат задача да го дадат првиот одговор во шума, нè известија „ние немаме гориво и нема да гаснеме“, изјави Ангелов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

НОВИ 10 МИЛИЈАРДИ ЕВРА ЗА ИСКОП НА…

Европратениците насочија дополнителни десет милијарди евра за…

ТРАМП МУ СЕ ЗАКАНИ НА ИРАН: „ЌЕ…

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека…

МВР повтрди: Лишен е од слобода вработен…

Полициски службеници од Одделот за сузбивање на…

Студентскиот дом „Кузман Јосифовски-Питу“ ќе биде отворен…

Привршуваат активностите за темелна и енергетски ефикасна…

Раководител во Дирекцијата за заштита и спасување…

Полициски службеници од Одделот за сузбивање на…