Објавено на:

Шолц: На Германија не ѝ треба никакво нуклеарно оружје

t

Германскиот канцелар Олаф Шолц ги отфрли предлозите дека Германија треба да има свои нуклеарни боеви глави.

-На Германија не и треба сопствено нуклеарно оружје“, истакна Шолц денеска за време на панел-дискусија и подвлече дека НАТО останува камен-темелник на европската безбедност.

Одговарајќи на прашање на конференцијата „Европа 2024“, Шолц рече дека и покрај одредени политички разлики меѓу САД и нивните европски партнери, трансатлантските врски остануваат силни.

-Можеби имаме различни геополитички оценки, но едно е сосема јасно, споделуваме вредности со демократијата и владеењето на правото. И тоа не прави различни од другите. Се разбира, ние сме посилни во трансатлантската Алијанса. Затоа, нема причина да се оспоруваат работи кои се толку вредни, а тоа се НАТО и трансатлантската соработка, рече Шолц.

Во последниве месеци, неколку германски политичари сугерираа дека Германија треба да го развие својот нуклеарен арсенал, заедно со партнерите од ЕУ, и да го намали своето наслонување на заштитата од САД.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Рокас без предвидување за извештајот на ЕП:…

Евроамбасадорот Михалис Рокас рече дека не може…

Просечната нето плата во април 45.452 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во…

Констатирани неправилности, Обвинители намерно и неоправдано направиле…

Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност на…

Путин како Мицкоски: Тектонски промени во глобалната…

Рускиот претседател Владимир Путин се обрати на…

Српските возови добиваат бизнис класа

За околу година, година и пол, „Србијавоз“…