Објавено на:

Што се случува? Зеленски без објаснување разреши амбасадори во неколку земји, меѓу нив и Германија!

t

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го разреши амбасадорот во Германија, Андриј Мелник, се наведува во декретот објавен од претседателскиот кабинет.

Разрешени се и амбасадорите на Украина во Норвешка, Чешка, Унгарија и Индија, се вели во декретот, но не е наведена причината, ниту што ќе прават дипломатите во иднина.

Мелник стана познат по неговите постојани барања за поголема поддршка од германската влада, во форма на потешко оружје, додека руските напади продолжија.

Неодамна, тој беше под притисок затоа што го бранеше украинскиот националистички лидер Степан Бандера, кој ја предводеше групата одговорна за етничко чистење и масакрот на десетици илјади Полјаци за време на Втората светска војна.

Дел од германските медиуми, вклучувајќи ги весниците Билд и Зидојче цајтунг, објавија дека Мелник треба да биде преместен во Министерството за надворешни работи во Киев, повикувајќи се на украински извори.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Србија, Бугарија и уште неколку држави од…

Американскиот претседател Доналд Трамп номинираше неколку кандидати…

Муцунски одржа работна средба со амбасадорот на…

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,…

Ердоган: Турција е единствената што може директно…

Турција е единствената што може директно да…

Зеленски ќе се сретне со Трамп за…

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, потврди дека…

Зеленски: Нè очекуваат уште две тешки офанзиви

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за…