Објавено на:

Ѓоковиќ: Едвај се спасив – ме давеше како змија што дави жаба!

t

Најдобриот тенисер на планетата, Новак Ѓоковиќ, се пласираше во финалето на мастерсот во Париз победувајќи го Андреј Рубљев.

Русинот имаше 13 „винери“ повеќе и три грешки повеќе, а Ноле играше лошо, па мораше да го подигна нивото на игра и да покаже зошто денеска ќе може да го постави личниот рекорд по број на титули на еден мастерс. Во Париз моментално има шест од нив.

„Знаев дека е одличен и еден од најбрзите тенисери, но и дека има еден од најсилните форхенди и дека го подобри својот бекхенд и сервис во последните години. Не ми даваше многу простор за дишење и навистина морав да се извлечам од проблеми со добри сервиси и мислам дека го направив тоа“, изјави Ѓоковиќ на теренот по мечот.

На прашањето што ја направи разликата во тешката пресметка со Рубљов, тој истакна еден детаљ.

„Мислам дека дишев малку подобро и тоа ја направи разликата. Имав малку повеќе време и простор да го удрам топчето. Ме давеше како змија што дави жаба и тоа во текот на целиот натпревар. Играше на многу високо ниво. Знаев дека има одличен квалитет, играше навистина фантастично денес, не верувам дека некогаш сум се соочил со толку добар Рубљов“, дополни Новак.

Тој откри и дека најмногу се гордее со тоа што се пласираше во финалето и покрај тешкотиите со здравјето и енергијата од претходните денови.

„Се чувствував лошо во претходните три дена, но најдов сила и адреналин, што ми требаше за да се борам и да не се предадам. Рубљов беше поблиску до победа без сомнение, но по којзнае кој пат најдов начин да победам. Сè уште поминувам низ стомачен вирус, секој ден е малку подобро и се надевам дека така ќе биде и во финалето“, заврши Србинот.

Ѓоковиќ во финалето ќе се сретне против Григор Димитров денеска во салата „Берси“ во Париз (15 часот), каде што ќе се бори за 40-тиот трофеј на мастерс-турнирите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Маж е приведен во иранскиот конзулат во…

Полицијата во Париз соопшти дека привела маж…

МИЛИЈАРДИ СЕ ВО ПРАШАЊЕ: Еве колку ќе…

Љубителите на спортот со нетрпение го очекуваат…

Вучиќ од Париз: Очекувам за два месеца…

Во вториот ден од официјалната посета на…

Тројца мртви по експлозија во Париз!

Три лица загинаа во експлозија во стан…

(Видео) Блокади во Париз: Не запираат протестите…

Бројни земјоделци ширум Европа се жалат дека…