Објавено на:

Ѓорѓиевски додели ваучери за летување за победниците на општинската лига во футсал од ООУ “Круме Кепески”

t

Екипата од ООУ “Круме Кепески”, која е победник на општинската лига во футсал бесплатно ќе летува во Охрид, како награда од Општина Кисела Вода. Градоначалникот Орцe Ѓорѓиевски денес им честиташе на младите спортисти, им го врачи ваучерот и им посака уште многу понатамошни успеси.

-Сакам да ви честитам, пред се’, за покажаната одлична игра, за цврстиот карактер и посветеноста без кои ваквиот успех немаше да биде можен. Наградата која ви ја обезбедува Општина Кисела Вода е само поттик за нови добри резултати за кои сум сигурен дека ќе ги постигнете. Вистинската награда е она што вие веќе сте го избрале како патека, вложувајќи во себе, градејќи се во силни личности кои во иднина ќе ја градат нашата држава. Од Кисела Вода имало и има многу спортски легенди и ваша задача е да го дадете својот максимум и да ни обезбедите тим за кој во иднина ќе навиваме и на кој ќе бидеме горди како нација-истакна градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Тој разговараше и со тренерот на тимот, наставникот по физичко воспитување Игор Зафировски кој го информираше дека оваа екипа сочинета од осмо и деветтоодделенци веќе им помага на новите таленти од училиштето од пониските одделенија. Го искажа своето задоволство од начинот на кој се однесуваат на теренот и надвор од него и потенцираше дека во нив гледа многу идни успешни спортисти. Благодарност за поддршката од Општина Кисела Вода и од покажаните резултати изрази и помошник тренерот, наставникот Горан Андоноски.

На настанот, присуствуваше и претседателот на Општинскиот сојуз за училишен спорт на општина Кисела Вода, м-р Дејан Стоимановски, како и членот на управниот одбор д-р Благоја Кечовски. Со градоначалникот разговараше и капитенот на тимот Матеј Ивановски кој во име на тимот му се заблагодари за наградата и кажа дека успехот се должи на сплотеноста на играчите и дека се надева дека и наредната година ќе имаат одлични резултати.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Возење во спротивен правец за лајкови…

Седум лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа…

Пропаднаа преговорите САД-Канада: Трамп ги активира царините…

Канадскиот премиер Марк Карни синоќа соопшти дека…

Иран дозволи премин на ирачки танкери низ…

Иран одобрил премин низ Ормускиот Теснец за…

Голем пожар кај Прилеп, итен апел до…

Голем пожар избувна денеска на потегот од…

САД го забележаа најтоплиот месец во историјата:…

Јули 2026 година официјално стана најтоплиот месец…