Ѓорѓиевски: Местата од диви депонии ги претвораме во паркинзи и паркови, проблемите на граѓаните на Кисела Вода се решаваат

t

„Во близина кај бензинската пумпа кај Мечкаров се гради паркинг за 60-тина возила, исто така една дива депонија во минатото која што беше се претвора во еден голем паркинг, кај домот за слепи лица исто така сме во план во наредниот период да финишираме еден паркинг. Мојата идеја е на местата каде што во минатото имаше депонии, истите беа нефункционални и ја загадуваа средината во која што живеат моите сограѓани, и мојата идеја е во иднина на тие места да никнат паркови или паркинзи. На тие места ќе се преточи она што недостасува со години за нашите сограѓани“, истакна Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на општина Кисела Вода на утринска емисија на МТВ.

Ѓорѓиевски додаде дека во наредниве месец ипол до два ќе се заврши со изградбата на три големи паркинг места со што ќе се реши еден од најгорливите проблеми на граѓаните кои што живеат во Кисела Вода.
„Моментално има многу малку останато од дивите депонии на територијата на Кисела Вода. Можам да кажам дека исчистивме диви депонии кои што по 30 години не беа ни во план, а ниту во концепт влезени за да се исчистат, а камо ли да се исчистат и да се претворат во паркови. Една таква беше тука кај кружниот тек према Припор кај стара последна 24-ка, каде што веќе е во доста напредна фаза изградба на еден од најсовремените паркови на наши простори овде во Кисела Вода. Може да кажам со гордост и во Скопје. И исто така една огромна депонија над 4.000 квадрати исчистивме во Драчево, и на тоа место започнуваме сега пролетта да градиме нов парк. Што значи многу малку депонии ни останаа, од пролетта ќе се доисчистат. И со овој начин на уредување на тој простор кој што во минатото бил депонија со парковска содржина или пак паркинзи овде во урбаната средина на многу места каде што имаше депонија јас мислам дека проблемот со депониите и непотребното според мене трошење на средствата на граѓаните во чистење на депонии ќе го ставиме зад нас и ќе можеме тие места да ги обремениме. Односно да ги претвориме во нешто од кое што нашите сограѓани ќе имаат корист“, нагласи Ѓорѓиевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Одлична вест: Водата за пиење во Скопје…

Водата во Скопје е безбедна и микробиолошки…

Дел од населбата 11 Октомври без вода

 Дел од корисниците од населбата 11 Октомври…

Хрватскиот министер за здравство по појавата на…

Откако едно лице претходно било хоспитализирано во…

Левица го обвини градоначалникот на Ѓорче Петров,…

152.000 ДЕНАРИ МЕСЕЧНА ПЛАТА НЕ ГИ ЗАСИТУВА…

Поради дефект без вода Драчево, Долно Лисиче,…

Регионалниот центар за управување со кризи на…