Јан Коп до Владата: Ги сакате нашите пари, меѓутоа не ги сакате нашите вредности

t

Ги сакаме вашите пари, меѓутоа не ги сакаме вашите вредности е пораката која земјава ја испраќа до членките на ЕУ со постојаните изговори наместо спроведување на реални реформи, вели холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп.

Ги сакаме вашите пари, меѓутоа не ги сакаме вашите вредности е пораката која земјава ја испраќа до членките на ЕУ со постојаните изговори наместо спроведување на реални реформи, вели холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп, кој повторно упати жестоки критики за напредокот на државава, состојтите во судството и борбата со коруцппиајта. Амбасадорот во својот говор на регионалната конференција насловена „Правдата нека владее со регионот” кажа дека во Македонија нема вистинска политичка волја за промена. Коп вели дека процесите се заглавени, не само поради немањето реформи, тулу и поради корупцијата и непотизмот…

„Што правите вие, освен што натрупувате изговори за исполнување на барањата за членство. Зошто вие не ги завршивте своите реформи пред 15 години како и овие други земји? Слушам дека Европската унија е виновна дека членството е заедничка одговорност и дека ние премногу ве оставаме да чекате. Вистината е дека членството е ваша одговорност и вие нас не оставате да ве чекаме премногу. По децении огромна поддршка, каде отидоа парите на нашите даночни обврзници?- вели Дирк Јан Коп – Амбасадор на Кралството Холандија.

Амбасадорот нагласи дека Холандија беше и ќе продолжи и понатаму да биде партнер за земјите од регионот на нивниот пат кон ЕУ, но предупреди дека состојбите во правосудниот сектор кај нас не оставиле друга опција освен усште еднаш да ја проверат поддршката која ни ја даваат.

Сепак, самиот регион и покрај ова нема некоја друга алтернатива освен да се движи напред кон ЕУ.Друга алтернатива е за 20-ина години да се создаде една група на сиромашни земји со празни села, со празни места каде што ќе останат само стари луѓе додека останатите ќе бидат емигрирани.Знаците се тука. Ова не е бајка. Денешниот геополитички контекст е во најмала рака сложен, но неговиот релативно мало влијание врз регионот не може повторно да се искористи како изговор да не се оди напред, изјави Дирк Јан Коп – Амбасадор на Кралството Холандија.

Коп во говорот Судскиот совет повторно го оцени како нелегитимно тело, а со последните измени на Кривичниот законик вели дека се обезбедува неказнивост на високи функцинери и се фрлаат во канта за отпад голем број на случаи поврзани со корупција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Албанската коалиција „Вреди“ денес на преговори во…

Работните групи на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата на…

Мишустин ги предложи новите министри на Руската…

Премиерот на Руската Федерација, Михаил Мишустин ѝ…

Пленковиќ ги собра потписите и го доби…

Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ ги прими…

Атина очекува да ги чуе позициите на…

Чекаме да ги видиме декларациите на новата…

СКАНДАЛ ВО ПОЛСКА: Пронајдени уреди за прислушкување…

Полската државна служба за заштита (СОП) заедно…