ЈП Водовод и канализација: Член на УО нападнал обезбедување на претпријатието

t

„Овој тип на инциденти создаваат непријатна и нездрава средина за нормално фунционирање на вработените, а за жал во некои од нив, покрај вербалните има и физички навреди, закани и притисоци. Сите овие настани и инциденти се пријавени во МВР.

Во текот на денешниот ден, претседателот на УО на ЈП Водовод и канализација – Скопје, повторно иницираше инцидент, одбивајќи да го одржи состанокот на одредената локација предвидена за истото, на петтиот кат, каде како и за сите состаноци истата беше наместена и организирана соодветно. Наместо таму, на негова иницијатива и притисок од негова страна, членовите на УО кои веќе беа седнати на 5-от кат во Салата за состаноци по телефонски повик од негова страна се симнуваат долу за да предизвикаат инцидент со обезбедувањето каде меѓу другото, претседателот на УО, Орана се обиде да иницира и физички судир со обезбедувањето. Обезбедувањето на ЈП Водовод и канализација – Скопје, на ниво на својата задача, го спречи развојот на немилите настани, на мирен и достоинствен начин, со цел задржување на редот и безбедноста во претпријатието. Менаџментот на ЈП Водовод и канализација – Скопје, испраќа јавно порака до претседателот на УО, Идриз Орана, да престане со притисоците врз членовите, вработените, со иницирање на инциденти, како и со обвинувања за нефункционалноста на менаџментот само за да ја исполни својата цел – неговата сопруга да продолжи со континуирано повеќегодишно продолжување на боледувањето и истата да биде „недопирлива“ за проверка, казна, дисциплинска и друга одговорност. Правилата, прописите и протоколите за работа мора да се почитуваат и да важат за секого, без разлика дали е функционер, претседател на управен одбор или не“, велат од претпријатието.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Општина Гостивар: Се работи на нормализирање на…

Општина Гостивар информира дека Главниот кризен штаб…

Напад во Шутка – вработен во „Водовод“…

Три лица со дрвени и железни палки,…

„Водовод“ со апел: Да не се троши…

ЈП Водовод и канализација – Скопје информира…

Кумановци добиле сметки од 20.000 денари за…

Енормно високи сметки за вода добиле граѓани…

Директорот на Бор „Водовод“ поднесе оставка, осомничен…

Градоначалникот на Бор, Александар Милекиќ денеска на…