Ќе „гори“ Градски: Првиот домашен меч на Вардар е супер дерби против – Шкупи!
После денешната ждрепка за првото коло во новата сезона во Првата лига, која стартува на 6 август од 17 часот, познат е и комплетниот распоред на мечеви за првите два круга од сезоната и веднаш уште во второто коло ќе има две големи дербија.
Најтрофејниот македонски клуб Вардар кој после две години во второлигашката конкуренција се врати во домашната елита тргнува од Струмица кај Брера во новата сезона, а веќе на првиот домашен меч го чека супердерби и тоа против најлутиот градски ривал Шкупи.
Дербито е закажано за 13 август од 17 часот во второто коло, во кое ќе има дерби и на кандидатите за титулата, Шкендија во Тетово ќе го пречека првакот Струга ТЛ.
Вардарци во првиот круг го чекаат гостувања кај Воска (3 коло), Струга ТЛ (5 коло), Тиквеш (7 коло), Брегалница (9. коло) и Работнички (11 коло), додека црвено црните ќе бидат домаќини на Силекс (4 коло), Македонија ЃП (6 коло), Гостивар (8 коло) и Шкендија во уште едно супердерби против голем ривал во последнава деценија во 10-то коло на 7 октомври.
Ова е комплетниот распоред на мечеви за новата сезона во Првата лига. После двата круга, според пласманот на табелата ќе следи трет круг според Бергер, кој дополнително ќе се знае по завршување на 22-та рунда.
Извор: sport1.mk
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Приведен романскиот возач на камионот по трагедијата…
Романскиот државјанин кој управувал со камионот што…
Во Собранието надзорна расправа за „АЛТА банка“
Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска…
Ден на жалост во Бугарија по тешката…
Владата на Бугарија го прогласи 11 ноември…
Преговорите меѓу Украина и Русија продолжуваат во…
Трилатералните преговори меѓу Русија, САД и Украина…
Денес се празнува Преподобната маченичка Анастасија Римјанка
Родена е во Рим од благородни родители…