Џафери со апел да се почитува територијалниот суверенитет на Украина
Колку и да ни се чини географски далеку, Украина не е далеку и последиците ќе бидат далекусежни, не само од воен аспект, туку и од економски, и ќе се одразат врз регионот и пошироко во меѓународен контекст, изјави претседателот на Собранието Талат Џафери.
Посочи дека ставот што неговата матична партија ДУИ го имала за време на кризата во Украина во 2014 година е непроменет и актуелен и денес.
Ставот на Собранието и на државата е дека Украина има свој територијален суверенитет и треба да се почитува од сите. Иако воените дејствија ескалираат, приоритет треба да има дијалогот, преговорите и разговорите, сѐ додека се исцрпат сите инстанции. На Украина ѝ припаѓа правото да може да има право на соодветен одговор како и секоја суверена земја, изјави Џафери на прес-конференција прашан за коментар за воените дејствија од Русија врз Украина.
Додаде дека нема разлики меѓу ставот на Македонија и западниот свет – ЕУ, САД, и сите сили кои, како што рече, мислат дека е несоодветен начинот на кој е постапено во Украина.
Советот за безбедност на ОН имаше свој став, меѓународната заедница треба да ги спроведе истите ставови. Ситуацијата е таква каква што е, ние не можеме да седиме со скрстени раце и да чекаме. Ова е прашање посебно за економските импликации и соодветните институции треба да преземат соодветни и превентивни мерки за да се надминат можни негативни економски влијанија, рече претседателот на Парламентот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
1.500 европски војници ќе тренираат во Полска…
Европските држави ќе одржат воена вежба за…
Зеленски: Можна е средба меѓу Украина, САД…
Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би…
Украина нападна руска радарска станица вредна околу…
Украинските одбранбени сили синоќа нападнаа руска радарска…
Калас: Украинските напади врз руските рафинерии се…
Високата претставничка на Европската Унија за надворешна…
Зеленски: Украина ќе ги засили нападите врз…
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска најави…