30 години се работи, ама сè уште нема вакцина за хантавирусот
Епидемијата на хантавирус на крузерот „МВ Хондиус“ повторно го насочи вниманието кон оваа ретка, но опасна инфекција, за која сè уште нема специфичен лек или вакцина. На бродот биле потврдени три случаи на зараза, меѓу кои и патник кој починал, додека од уште пет лица со можна инфекција, две лица исто така починале.
Хантавирусот најчесто се пренесува преку воздух, од честички од урина, измет или плунка од глодари. Одредени соеви, сепак, можат да се пренесат и меѓу луѓе кои биле во близок контакт. Еден од најопасните е „Андес“ вирусот, кој е поврзан со актуелната епидемија во Аргентина. Светската здравствена организација потврди дека патниците на крузерот биле заразени токму со овој сој.
Некои соеви на хантавирус имаат смртност и до 50 проценти, иако инфекциите се релативно ретки.
Американскиот виролог Џеј Хупер повеќе од 30 години работи на развој на вакцина против неколку видови хантавируси, вклучувајќи го и „Андес“ вирусот. Тој работи во Медицинскиот институт на американската војска за истражување на инфективни болести во Мериленд.
Според него, климатските промени можат да влијаат врз движењето и бројот на глодари, што би можело да го зголеми ризикот од ширење на вирусот кај луѓето.
Истражувачкиот тим развил модел базиран на хрчаци за тестирање на вакцини и терапии. Вакцината против „Андес“ вирусот веќе поминала почетни клинички тестирања и покажала дека создава неутрализирачки антитела, кои се важни за заштита. Но, за целосен ефект се потребни најмалку три дози.
Научниците истовремено развиваат и третмани базирани на антитела. Со помош на генетски модифицирани крави успеале да создадат антителен препарат наречен „САБ-163“, кој покажал заштита кај животински модели против повеќе соеви на хантавирус.
Хупер смета дека мРНК технологијата, која се користеше за вакцините против ковид-19, би можела значително да го забрза развојот на вакцини против хантавирусите доколку постои поголем интерес и финансиска поддршка.
Извор: Nature
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Потврден нов случај на хантавирус кај патник…
Министерството за здравство на Шпанија денеска соопшти…
ИЈЗ: Низок ризик од хантавирус во Македонија
Директорката на Институтот за јавно здравје, д-р…
СЗО: Ситуацијата е под контрола, нема индиции…
Генералниот секретар на Светска здравствена организација (СЗО),…
Досега се евакуирани 94 патници од бродот…
Вкупно 94 патници и членови на екипажот…
СЗО препорача 42-дневен карантин за патниците од…
Првите патници од крузерот „MV Hondius“, погоден…