38 повредени во пожарот во Кочани се лекуваат и рехабилитираат во болницата во градот
27 млади луѓе повредени во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани започнаа рехабилитација во Општата болница во градот, каде што се третираат вкупно 38 пациенти. Тие се распоредени на одделенија за неврологија, хирургија и физикална терапија, а нивната здравствена состојба е стабилна, информираат надлежните.
Во болницата е ставена во функција и хипербарната комора, која е добиена како донација. Оваа терапија ќе помогне во брза ревитализација на кожата со изгореници и третман на интоксикација предизвикана од чадот. Еден час во хипербаричната комора заменува 7 до 10 дена престој на планина, велат лекарите.
Во меѓувреме, се одвиваат и обуки за медицинскиот персонал од штипската Клиничка болница, кои ги реализираат експерти од Велика Британија и Шпанија со искуство во третирање на изгореници и фрактури.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„50 пати на улица и во судница,…
Во Кочани денеска се одржа 50-тиот „Марш…
Адвокатот Туфегџиќ со предлог како побрзо да…
Судењето за трагедијата во Кочани ќе биде…
Шкотските навивачи со донација за децата фудбалери…
Фудбалскиот клуб „Фудбал Старс“ од Кочани доби…
Можете да ја одложувате правдата, но не…
Родителите на загинатите млади во пожарот во…
ХОРОР ВО КОЧАНИ: Малолетници малтретирале прваче, го…
МВР информира дека вчера попладне во 12:45…