Шефицата на бугарскиот парламент: Бугарија ќе продолжи да ја поддржува Северна Македонија на патот кон ЕУ
Претседателката на Народното собрание на Бугарија, Наталија Киселова, изјави дека земјата ќе продолжи со напорите за поддршка на Република Северна Македонија во процесот на нејзино приклучување кон Европската унија, јавува БНР, пренесува Трибуна.
„Бугарија нема апсолутно никакви претензии кон Република Северна Македонија под каква било форма, освен почитувањето на Договорот за пријателство и добрососедство од 2018 година и Европскиот консензус од 2022 година, односно обврските кои Северна Македонија сама ги прифати, но досега не се исполнети. Тие бараат аргументи за да не ги исполнат тие обврски и со тоа го одложуваат добивањето на покана. Бугарија подава рака и сметам дека во следните недели ќе бидеме сведоци на тоа како ќе се обидеме да помогнеме Северна Македонија да ги започне преговорите, бидејќи тоа е важно – Западен Балкан да биде дел од Европската унија“, изјави Киселова.
Таа потсети дека овие елементи од бугарската позиција се содржани во одлука на бугарскиот парламент, која била едногласно изгласана од пратениците кон крајот на мај.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Извештај на „Ал Мада“: Сценарија за американски…
Ирачкиот премиер Али ал Заиди им соопштил…
РУБИО СО ОСТРИ КРИТИКИ КОН ИРАН: Преговорите…
Американскиот државен секретар Марко Рубио упати остри…
АМЕРИКА ГО ПОДГОТВУВА ИЗРАЕЛ ЗА ТРЕТ БРАН…
Американската Централна команда (ЦЕНТКОМ) испратила порака до…
(Видео) ОГРОМЕН ПОЖАР ВО НАЈГОЛЕМОТО ГАСНО НАОЃАЛИШТЕ…
Силен пожар избувна вечерва во гасното наоѓалиште…
ТРАГЕДИЈА ВО ЕГИПЕТ: Седум загинати и над…
Најмалку седум лица загинаа, а повеќе од…