На Бујар Осамни противкандидат ќе биде Изет Меџити во Чаир?!

t

Општина Чаир станува една од најжешките политички точки на претстојните локални избори. Двајца добро познати политичари, Бујар Османи од ДУИ и Изет Меџити од ВЛЕН, највеојатно ќе се соочат во директна пресметка за градоначалничката позиција, со што се очекува една од најдинамичните изборни кампањи годинава.

Бујар Османи, скорешен министер за надворешни работи, во трката влегува со силна поддршка од својата партија и долгогодишно политичко искуство.

Наспроти него најверојатно ќе се најде поранешниот градоначалник на Чаир и актуелен прв заменик премиер Изет Меџити, кој како кандидат на ВЛЕН се враќа на локалната политичката сцена со амбиција да ја преземе повторно водечката улога во општината.

Станува збор за кандидати со силна лична и политичка база, кои можат значително да влијаат на исходот од изборите. Очекувањата се дека оваа трка ќе биде и важен показател за политичката моќ и влијанието на партиите во рамките на албанскиот политички блок во Македонија.

Граѓаните на Чаир, од друга страна, очекуваат конкретни решенија и подобрувања, а не само политички ветувања. Изборите во оваа општина ќе бидат од клучно значење не само за локалната заедница туку и за пошироките политички процеси во земјата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Извештај на „Ал Мада“: Сценарија за американски…

Ирачкиот премиер Али ал Заиди им соопштил…

РУБИО СО ОСТРИ КРИТИКИ КОН ИРАН: Преговорите…

Американскиот државен секретар Марко Рубио упати остри…

АМЕРИКА ГО ПОДГОТВУВА ИЗРАЕЛ ЗА ТРЕТ БРАН…

Американската Централна команда (ЦЕНТКОМ) испратила порака до…

(Видео) ОГРОМЕН ПОЖАР ВО НАЈГОЛЕМОТО ГАСНО НАОЃАЛИШТЕ…

Силен пожар избувна вечерва во гасното наоѓалиште…

ТРАГЕДИЈА ВО ЕГИПЕТ: Седум загинати и над…

Најмалку седум лица загинаа, а повеќе од…