9 активни, 4 под контрола, 43 изгаснати пожари
Активни се 9 пожари на отворен простор заклучно со седум часот утринава, од вкупно 63 во текот на вчерашниот ден, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Под контрола се 4 пожари, еден е локализиран, а 49 се изгаснати.
ЦУК соопшти дека се активни пожарите во Чучер Сандево – Блаце, каде е зафатена ниска вегетација, во село Визбегово во Шуто Оризари каде гори депонја, во Прилеп – село Бешиште, место викано Бешишки рид, мешана шума. Во пожари во Македонски Брод, се зафатени дабова шума и грмушки, помеѓу селата Црешнево и Локвица, ниска вегетација од пожар проширен од фабрика „Самоков“ во село Рамне, како и мешана шума во селата Слатина и Ковче. Исто така во општина Чашка, под Солунска Глава, кај местото викано Изворите на Бабуна и Бабина Дупка, има чад во карпест дел, а гори и нискостеблеста шума во село Николиќ во Дојран.
Локализиран е пожарот во Кочани, место викано Бабиште, помеѓу селата Јастребник и Полаки, со кој се зафатени ниска вегетација и мешана шума.
Според ЦУК, под контрола се пожарите во Делчево на Градска депонија „Острец“, во Виница – село Драгобраште (ниска вегетација и нискостеблеста шума), во Крива Паланка – село Градец и село Лозаково (борова, дабова и багремова шума) и во Желино – селоЛарце – различна локација (мешана шума).
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нови откритија на „Старо Бонче“: Средновековни гробови…
На археолошкиот локалитет „Старо Бонче“ се откриени…
Пандов на средба со делегација на Европскиот…
Директорот на Управата за извршување на санкциите,…
Македонски државјанин убиен во Германија
Дваесет и седумгодишен маж од Северна Македонија…
72-годишен Полјак се преценил кај Куратица —…
Пензионер од Полска одбрал авантуристички да го…
МОН: Неточни и лицемерни се тврдењата на…
Министерството за образование и наука (МОН) како…