За ПЦР тестови на приватно граѓаните денеска платиле 100.000 евра

t

Граѓаните денеска само за ПЦР тестови платиле над 95.000 евра во приватните лаборатории. Од спроведените 11479 тестови, дури 4771 граѓаните си ги платиле сами во приватните лаборатории. Имајќи предвид дека еден ПЦР тест чини околу 20 евра, пресметките покажуваат дека само за ПЦР тестови се потрошени близу 100.000 евра само во последните 24 часа.

Најголем дел од овие близу 11500 спроведени тестови или над една третина од нив се брзи антигенски тестови кои се правеле во приватните и јавните здравствени установи. И тука има дел кој граѓаните си го платиле сами.

Останува нејасно, зошто граѓаните плаќаат здравствено осигурување кога мораат целиот товар на пандемијата да го поднесат сами.

Од почетокот на пандемијата само за тестови во приватните лаборатории граѓаните имаат потрошено десетици милиони евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…

ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…

ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…

Петрова и Муцунски во четврток ќе се…

Министрите за надворешни работи на Македонија и…

Жените во Македонија за еднаква работа заработуваат…

И покрај законските гаранции за еднаква плата…

Во јули 367 одобренија за градење, предвидени…

Во јули годинава се издадени 367 одобренија…