Струшката педијатрија преполна – Се лекуваат деца од целиот регион

t

Новиот сој омикрон не ги одминува и децата. Иако со полесна клиничка слика струшкото педијатриско одделение е преполно со пациенти. Во едно деноноќие се прават и по стотина прегледи.

Деца со корона, настинка, сезонски грип од Охрид но и Ресен и Дебар се лекуваат во струшката болница. Едномесечно бебе е најмладиот пациент позитивен на новиот корона сој. За среќа со лесна клиничка слика.

Во споредба со овој период лани поради рестриктивните мерки имало многу помал број на заболени деца, со тоа помал број прегледи и хоспитализации. Работата сега двојно се зголемила и поради затворањето на охридската педијатрија па децата од цел регион ги прегледуваат струшките педијатри.

Ситуацијата со недосигот на педијатри во Охрид и понатаму е алармантна.екс министерот Филипче најави лекари педијатри од Скопје во охридската болница но тоа се уште не е изреализирано. – Пренесува 24 вести.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Украина и Австрија ќе ја зајакнат соработката…

Министрите за надворешни работи на Украина и…

Свештеници на Англиканската црква под истрага за…

Седум свештеници на Англиканската црква, вклучувајќи го…

Напикале 130 деца во ЕДЕН АВТОБУС? Детали…

Си платиле за да напикаат 130-140 деца…

Франција забранува пушење на сите јавни места…

Пушењето ќе биде забрането од 1 јули…

ОН: 14.000 деца ќе умрат во Газа…

Шефот на службата на ОН за хуманитарна…