Без коментар: 100 еврa кaзна за постарите од 50 години кои не се вакцинирани

t

Од денеска, во Италија ќе стапат на сила новите ограничувања поврзани со коронавирусот, вклучително и казни за невакцинирани лица постари од 50 години, кои ќе важат и за странците кои живеат во таа земја.

Луѓето кои влегуваат во Италија од други земји на ЕУ, а кои ќе покажат доказ за целосна вакцинација или потврда дека се опоравиле од Ковид-19, од денеска нема да мора да прават негативен тест како предуслов.

Поради многу заразната варијанта омикрон, тестот досега беше задолжителен за сите, без разлика на статусот.

Од почетокот на јануари, вакцинацијата против Ковид-19 е задолжителна за лицата над 50 години.

Од денеска, лицата од оваа возрасна група кои сè уште не биле вакцинирани – или не примиле втора доза или бустер доза и покрај тоа што имале можност да го сторат тоа – ќе бидат казнети со 100 евра.

Мерката останува на сила до 15 јуни и се однесува на сите жители на возраст над 50 години, вклучително и странски државјани.

Од 15 февруари и оваа возрасна група ќе треба да достави доказ за вакцинација или закрепнување од болест на работа и ќе бидат принудени да работат од далечина доколку не е во можност да го сторат тоа.

Оние кои ќе ги прекршат мерките се соочуваат со казни од 600 до 1.500 евра.

Промени има и кога станува збор за купување.

Од денеска посетителите на книжарници, банки или канцеларии ќе треба да покажат потврди за вакцинација или прележана болест.

Тоа не е случај за супермаркетите и аптеките.

Во Италија, која има околу 60 милиони жители, речиси 81 отсто од вкупното население се вакцинирани против Ковид-19, објави Еуроактив.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Судот во Стразбур ја казни Италија поради…

Европскиот суд за човекови права во Стразбур…

Италија испрати над 15 тони хуманитарна помош…

Помошта во авионот C-130J Super Hercules, кој…

Италијанската полиција уапси 13 лица поради криумчарење…

Италијанската полиција уапсила 13 лица поради криумчарење…

Пожар во хотел во Италија: 40 лица…

Голем пожар денеска избувна во хотелот Александар,…

Над 1.000 луѓе евакуирани поради невремето во…

Реката Сенио се излеа во населбата Кастел…