Дардан Дехари – Единствен претставник на Македонија на свеченото отворање на ЗОИ
Дардан Дехари не само што ќе биде знаменосец на свеченото отворање на ЗОИ во Пекинг, кое започнува во 13 часот, туку ќе биде и единствен спортист кој ќе биде дел од нашата делегација на овој спектакл на „Птичјото гнездо“.
Имено утринава информација од Пекинг е дека и Ставре Јада како и Ана Цветановска ќе бидат во Олимпиското село поради контакт со лице кое било позитивно на Ковид-19. Тие не биле во карантин, но нема да бидат дел од дефилето.
Инаку првично Дехари и Цветановска требаше да бидат знаменосци. Потоа требаше само Дехари да биде знаменосец а Јада дел од дефилето, но сега останува само Дехари да биде знаменосец и единствен спортист во нашата делегација на свеченото отворање.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…
ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…
Петрова и Муцунски во четврток ќе се…
Министрите за надворешни работи на Македонија и…
Жените во Македонија за еднаква работа заработуваат…
И покрај законските гаранции за еднаква плата…
Во јули 367 одобренија за градење, предвидени…
Во јули годинава се издадени 367 одобренија…