ССМ барање повеќе професии да земаат бенефициран стаж
Бенефициран стаж за одредени професии побара Сојузот ан синдикатите на Македонија чиј претседател Дарко Димовски, придружуван од членови на Синдикалната организација на БУЧИМ од Радовиш и секретарот на Синдикатот за градежништво, идустрија и проектирање на Република Македонија. денеска имаше средба со министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, директорката на ДИТ, Весна Томовска.
-На средбата стана збор за потребата од утврдување на бенифициран стаж на одреден број на работни места во рудниците, градежништвото, за комуналните работници и сите други работни места за кои синдикатите во изминатите години имаат доставено барања и елаборати до Министерството за труд и социјална политика. Договорено е комисијата на МТСП во наредните месеци да ги разгледа сите барања кои години наназад не се разгледувани и да се изготват извештаи за секој посебно за да се комплетира процесот со утврдување на правото на бенифициран стаж за сите категории на работни места за кои тоа не неопходно, информираа од ССМ.
Додаваат дека отворениот пристап на министерката Тречевска за решавање на проблемите на работниците игра важна улога во социјалниот дијалог кој успешно се води помеѓу ССМ и МТСП за изнаоѓање на одржливи решенија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…
РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…
Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…
Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…
(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…
Сиљановска ќе почека да се формира новата…
ДУИ му помогна на Мицкоски за двотретинско…
Со 88 гласа “за” пред 3 часот…
Американската амбасада ќе ги подобрува односите помеѓу…
Аташето за култура и образовани на САД…