Новиот сој омикрон раширен низ основните училишта: Тестирањето приватно прескапо, државно нема термини

t

Во моментов активни се 8.143 случаи на ковид-19 во државава, но епидемиолозите сметаат дека оваа бројка треба да се помножи барем со бројот 5, имајќи предвид дека голем број од инфицираните се лекуваат самите без направен ПЦР тест, бидејќи на „приватно“ се скапи, а преку матичен лекар е тешко да се обезбеди брз термин. Македонија останува во врвот во Европа според бројот на починати, кој според официјалната статистилка достигна 8.869 лица. Започна и скринингот во основните училишта каде бројот на заразени деца е во загрижувачки раст.

Дека бројот на заразени „основци“ е во загрижувачки раст соопшти деновиве Комисијата за заразни болести, оценувајќи дека во средните училишта состојбите се релативно стабилни.

Според Министерството за здравство, постои интересот за учество во скринингот и досега се добиени околу 5 илјади согласности од родители на деца во основните училишта во Скопје.

„Врз основа на добиените согласности, направен е план и распоред за реализација на скринингот на терен и тој веќе се врши во неколку основни училишта во Скопје. Скринигот продолжува во понеделник. Во рамки на првата фаза ќе бидат опфатени училиштата на територија на град Скопје, а ќе бидат вклучени медицински екипи од Центарот за јавно здравје и Здравствениот дом Скопје“, информираат од Министерството.

Вкупниот број ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 291.820, бројот на оздравени пациенти е 274.808, а на починати е 8.869.

Иако се сметаше дека варијантата на болеста омикрон е со полесни симптоми и дека побрзо се оздравува, сепак бројот на починати и натаму е загрижувачки и секој ден е двоцифрен бројот на лица кои ја загубиле битката со болеста.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Прво се искрале децата, па се истепале…

Вчера во 14.50 часот во СВР Охрид…

БЕЛГИСКИ СУД: На 17 мај рочиште за…

Основниот суд во белгискиот град Лиеж за…

Страшна статистика: Семејствата со помали деца најмасовно…

Бројот на лицата кои ја напуштаат Македонија…

УЖАС: 12-годишно момче застрела 2-годишно дете во…

Со куршум од воздушна пушка во Враца,…

Ова е жената во која пукаше Албанец…

Триесетгодишната В.Ј. (30) од Велика Дренова е…