Објавено на:

Домашните агро-производители наскоро ќе ги пласираат своите производи на македонските интернет продавници

t

Петнаесет македонски агро-производители бесплатно ги усовршија
своите дигитални вештини и веќе се во процес на пласирање на нивните производи на
македонските платформи за интернет купување во рамки на проектот „Agri E-commerce“,
кој го спроведува Асоцијацијата за е-трговија на Македонија.

Проектот има за цел да одговори на потребите што доаѓаат од веб-платформите за е-
трговија за продажба на локално одгледувани агро-производи (свежи или преработени) од
една страна, и од друга страна да им помогне на локалните агро-производители да ги
продаваат своите производи надвор од својата област на живеење – преку Интернет.
– „Ситуацијата со Ковид пандемијата ја забрза дигитализацијата на македонскиот пазар,
оттука сите засегнати во производството и трговијата мора да ги следат новите правила
што ги налага ситуацијата и пазарот. Нашиот фокус како винарија Бади е да бидеме
присутни на онлајн платформите на македонскиот пазар, а во некои идни планови и на
европскиот пазар.“ – изјави Блаже Миневски, од винаријата „Бади“.

Во рамки на проектот, агро-производителите поминаа низ четири различни обуки за
зајакнување на нивните дигитални вештини, меѓу кои: учење на основите, можностите и
регулативите во е-трговијата, практични примери и совети поврзани со маркетинг на
социјалните медиуми, запознавање со алатките за дигитален маркетинг за е-трговија и
запознавање со условите за онлајн продажба кај различни е-трговци.

Софија Шутова, од агро-бизнисот „Сид оф лајф“ кој е дел од учесниците на овој проект,
вели дека обуките донеле големи придобивки во нивното работење.
– „Обуките беа пред сè многу практични и интерактивни. Предавачите имаа големо
искуство во областа на онлајн продажбата и маркетингот, па можевме директно да
поставуваме прашања и да учиме од нив. Конкретно мене најмногу ми користеа
споделените алатки за креирање на привлечни содржини на социјалните медиуми и
советите за креирање маркетинг стратегија.“ – изјави таа.

Во моментов проектот се наоѓа во последната фаза, каде што агропроизводителите
одржуваат состаноци со е
трговците од најпознатите македонски веб платформи за е
трговија и договараат детали за пласирање на нивните производи.

„Веќе започнавме со примена на некои од насоките за уште поуспешно водење на нашиот
бизнис, благодарение на кои ги бележиме и првите резултати во форма на подобрена

комун
икација на социјалните медиуми.“ додава Маја Чубриќ од охридскита агри
компанија „Трек Ми“.

Производите од агропроизводителите кои се дел од програмата „Agri Ecommerce” кои
наскоро ќе бидат достапни на дел од најпознатите веб платформи за е
трговија, можат да
се погледнат во продолжение:
https://www.youtube.com/watch?v=MBeCIjh6QOY

Повеќе информации за активностите на проектот и контакт до агропроизводителите кои се
дел од него можете да дозна
ете на следниот линк: https://ecommerce.mk/agriecommerce/ .
Од АЕТМ уште еднаш ја
потенцираат важноста од овој проект чија крајна цел е зголемена
понуда и реализирани онлајн продажби на домашните агро
производи на македонските
интернет продавници. Проектот „Agri E
commerce“ е поддржан од Програмата за
зголемување на пазарната вработлив
ост (ИМЕ), финансирана од Швајцарската агенција за
развој и соработка
.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…

РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…

Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…

Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…

(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…

Сиљановска ќе почека да се формира новата…

ДУИ му помогна на Мицкоски за двотретинско…

Со 88 гласа “за” пред 3 часот…

Американската амбасада ќе ги подобрува односите помеѓу…

Аташето за култура и образовани на САД…