Повреден полицаец од Куманово: Несовесен возач го прегазил наместо да застане!

t

Полициски службеник од Куманово е повреден откако во него удрил автомобил додека тој вршел службени дејствија во селото Долно Којнаре. Возачот на автомобилот не застанал на дадениот знак за запирање, а удрил и во друго возило кое било паркирано.

– Вчера во 23:30 часот било пријавено дека на локалниот пат Куманово – село Сопот, кај село Долно Којнаре кумановско, патничко возило удрило во полициски службеник кој вршел службени дејства, не застанувајќи на даден знак за запирање, откако претходно удрило во паркирано патничко возило „цитроен“, со кумановски регистарски ознаки, сопственост на Н.Л. од с. Долно Којнаре, соопшти денеска кумановската полиција.

Полицискиот службеник се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Куманово. Полицијата извршила увид и работи на целосно расчистување на случајот

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тошковски: Законот важи за сите исто, МВР…

Воопшто е небитно дали насилникот е Македонец,…

За еден месец, македонската полиција запленила 97…

Засилените полициски контроли на велосипедисти, мопеди и…

Кривична пријава за поранешен градоначалник на Дебрца

СВР Охрид поднесе кривична пријава против З.Н.(60)…

Тошковски: обезбедени се пет лица за инцидентот…

Сите учесници во инцидентот во скопската населба…

„Пензионерска“ тепачка во Куманово – едниот во…

Во несекојдневна тепачка меѓу двајца „ветерани“, на…